Исланд

Нова вулканска ерупција на Исланд

09.02.2024 13:46

Не мирува вулканот во југозападен Исланд. Жешка лава и натаму се издигнува од пукнатината долга околу три километри...

Не мирува вулканот во југозападен Исланд. Жешка лава и натаму се издигнува од пукнатината долга околу три километри. Според извештаите на крајбрежната стража, ерупцијата е во истата зона како онаа на 18-ти декември.

Нарушен е секојдневниот живот на полуостровот Рејкјанес. Лавата оштети термални цевки во областа јужно од главниот град и го прекина снабдувањето со топла вода за 20.000 луѓе. Цивилната заштита побара од домаќинствата и компаниите умерено да ја користат електричната енергија.

Се смета дека Исланд, земјата со најмногу вулкани во Европа, има 31 активен вулкански систем.