Македонија

Налепниците „НМК“ се услов за излез во странство, налепници нема

09.02.2024 14:13

Нови налепници со ознака „НМК“ од денеска треба да се најдат на шалтерите во станиците за технички преглед. Граѓаните кои ќе сакаат да заминат од државата по 12-ти февруари ќе мора да имаат налепница на регистерските таблички со новото име...

Никогаш не било потешко да се замине во странство. По проблемите за промена на пасошите, граѓаните сега не можат да дојдат до налепници со „НМК“ за регистарските таблички. Од неколку станици за технички преглед ни рекоа дека кај нив сè уште не се доставени.

Странците кои престојуваат во земјава и возат автомобили со локални регистарски таблички, не се информирани за налепниците „НМК“.

Од МВР велат дека започнала постапката за доставување на налепниците со ознака „НМК“ до референтите за сообраќај во пограничните станици за технички преглед низ цела држава од каде граѓаните ќе можат да ги подигнат.

 

Ирина Гелевска