Влада

Џафери- Ангелов: Добрососедски односи и успешна соработка во НАТО и на патот кон ЕУ

09.02.2024 14:37

Разговарале за актуелните прашања од значење за двете земји, за билатералната соработка, како и за одржувањето на стабилноста во регионален и во поширок, европски контекст.

Техничкиот премиер Талат Џафери денеска оствари средба со амбасадорот на Република Бугарија во земјава, Ангел Ангелов.

Како што соопштуваат од владината прес- служба, на состанокот е констатирано дека можноста за двојна средба во една недела - денешната билатерална, по понеделничката заедничка средба со амбасадори на држави членки на ЕУ, ја покажува волјата од двете страни за унапредување на добрососедските односи, како што доликува на држави со европска ориентација.

Разговарале за актуелните прашања од значење за двете земји, за билатералната соработка, како и за одржувањето на стабилноста во регионален и во поширок, европски контекст.

Потенцирана е важноста на истакнувањето позитивни примери и позитивни наративи од двете држави, што оди во прилог на јакнење на меѓусебната доверба, како интерес на граѓаните и придонес во европското поведение на регионот- стои во соопштението.