Претставени приоритетите на белгиското претседателство
Денеска на заедничка седница на собраниската Комисија за европски прашања и Националниот совет за евроинтеграции беа претставени приоритетите на белгиското претседателство со ЕУ. Белгиското претседателство со Советот на ЕУ ќе се фокусира на реализација на повеќегодишната рамка за раст на Западен Балкан...

Белгиското претседателство со Советот на ЕУ ќе се фокусира на реализација на повеќегодишната рамка за раст на Западен Балкан, забрзување на реформите во економијата и владеење на правото, истакна амбасадорот Мерис. Брисел очекува не само да се носат закони, туку и да се применуваат.
ВМРО-ДПМНЕ ја повика Европската унија да не биде заложник на една земја-членка којашто го попречува нашиот евроинтегративен пат.
Од СДСМ бараат позасилен мониторинг на ЕУ на Законодавниот дом во остварувањето на контролната и надзорна улога.
По Белгија, претседавањето од 1-ви јули годинава го презема Унгарија.
Игор Панов
