Македонија

Договорците на дело бараат вработување

09.02.2024 15:00

Зад Стефан и Теодора застанаа дел од нивните колеги кои со години чекаат решавање на статусот. Не сакаа да зборуваат пред камера, велат и појавувањето во јавност е доволно надлежните да видат дека се очајни од години и години чекање.

Стефан осум, а Теодора пет години работат со договор на дело. Без платен стаж, без здравствено осигурување се грижат за здравјето на нивните пациенти. Двајцата се дипломирани фиозиотерапевти.

Ниту факултетската диплома, ниту посветеноста на работата не им се плус кога ќе се распишат огласите за вработување. Велат тогаш носат луѓе од надвор.

Од 1-ви јануари работат и чекаат да се распише долго најавениот оглас за 1.117 ангажирани со договор на дело.

Зад Стефан и Теодора застанаа дел од нивните колеги кои со години чекаат решавање на статусот. Не сакаа да зборуваат пред камера, велат и појавувањето во јавност е доволно надлежните да видат дека се очајни од години и години чекање.

Во земјава 2.500 медицински сестри, лаборанти, физиотерапевти, болничари и хигиеничари полека ја губат надежта дека до пролет ќе добијат решение за вработување.

Наташа Јанчиќ- Менковски