Здравство
Во Охридско-струшкиот регион проблеми поради недостиг на педијатри
09.02.2024 17:33
Во Охридско-струшкиот регион има недостиг на педијатри. Во време на вируси и грип, наплив на пациенти во двете болници...

И додека едни се борат да добијат вработување, во Охридско-струшкиот регион има недостиг на педијатри. Во време на вируси и грип, наплив на пациенти во двете болници. За тоа дали лекарите успеваат да постигнат да ги прегледаат сите пациенти и каква е состојбата на детските одделенија, од Охрид известува Соња Рилковска.
