Бурна седница во Собранието за разрешување и именување нови министри
Премиерот Џафери го образложи потегот – на Меџити и Алиу не им забележа на професионализмот, туку на фактот што Таравари се изјаснил дека ќе оди во опозиција. Тие кои заминуваат порачаа – одите спротивно на интересот на граѓаните...

Собраниска седница за разрешување и за избор на нови министри. На местото на Фатмир Меџити во ресорот здравство треба да дојде лекарот Илир Демири. Тој е специјалист по инфективни болести и е асистент на Медицинскиот факултет во Скопје. Во фотелјата во Министерството за информатичко општество и администрација, на местото на досегашниот министер Азир Алиу треба да седне Наим Бајрами. Тој е магистер по политички науки и досега работел во приватни компании, во град Скопје и во комунална хигиена, а во 2017 година беше и кандидат за градоначалник на Скопје. Премиерот Џафери го образложи потегот – на Меџити и Алиу не им забележа на професионализмот, туку на фактот што Таравари се изјаснил дека ќе оди во опозиција. Тие кои заминуваат порачаа – одите спротивно на интересот на граѓаните. Какви беа реакциите во Собранието за смените, известува Александра Велинова.
