Собрание

Тензична расправа за разрешувањето на Меџити и Алиу

09.02.2024 21:38

Во Собранието, маратонска седница за разрешување и за избор на нови министри. Премиерот Џафери на Меџити и Алиу не им забележа на професионализмот, туку на фактот што Таравари се изјаснил дека оди во опозиција. Ама, го потсетија дека го пропуштил министерот Лога, кој во внатрепартиската борба во Алијанса, застана на страната на Зијадин Села …

Долга и мачна собраниска седница за разрешување на министрите за здравство Фатмир Меџити и за Информатичко општество Азир Алиу. Премиерот Џафери рече дека не станува збор за смени од професионални причини, туку законска обврска којашто произлегува од Пржинскиот договор, бидејќи откако Таравари рекол дека ќе оди во опозицијата, во Владата не може да има два опозициски субјекта.

Министерот Меџити, кој стана препознатлив по реченицата „покажав како се работи“, вели дека на сметка на личните интереси на ДУИ, ќе трпат пациентите.

Крилото на Таравари не доби одговор на прашањето -зошто не се разрешени и министерот Лога и двајцата заменици-министри од Алијанса. Бурни реакции од пратениците за смената и за тоа на кому таа му оди во прилог.

Џафери на местата на Меџити и на Алиу ги предложи Илир Демири и Наим Бајрами.

 

Александра Велинова