Какви филмови и требаат на Македонија?
Познавачи за МТВ оценуваат дека домашмниот етер треба да се збогати со комедија и со урбани приказни...

Жанровски, а не фестивалски филмови наменети за широкиот аудиториум е она што и недостасува на македонската кинематографија. Познавачи за МТВ оценуваат дека домашмниот етер треба да се збогати со комедија и со урбани приказни.
„Недостасуваат филмови кои ќе третираат теми од сегашниот миг, од денешницата“, вели филмскиот критичар Стефан Сидовски.
„Тројца млади другари тргнале на одмор и нешто им се случува по пат... не знам зошто не се размислува на таа тема“, вели актоерот Сашко Коцев.
Култните „Викенд на Мртовци“ и „Среќна нова 49-та“ се пример за успешна комедија.
„Во Македонија е тешко да се сними филм, без разлика на тоа дали тој ќе биде успешен понатаму, што никогаш не знаеме кога започнуваме да правиме било кој филм, бидејќи не постои инфраструктура, нема филмска логистика која може да даде поддршка на снимање, на продукција на било кој фил“, смета продуцентот Роберт Насков.
„Јас викам да ми даде некој најмалку колку што дава фондот за обичен филм, јас во рок од две години три такви комедии ќе направам“, вели режисерот Коле Ангеловски.
Најмногу се снимаат филмови со историска димензија. Премиерата на „До Балчак“ се очекува во септември. Ќе се снима филм за ослободување на Скопје и за владеењето на Цар Самоил. Режисерот Попов има уште една идеја.
„Со темите кои ние ги обработуваме, ние не може да очекуваме заработувачка од нашиот филм. Нашиот филм треба да претставува промоција на Македонија“, смета продуцентот Горјан Тозија.
Пари има како никогаш порано, но, конкуренцијата е голема и е потребна добра идеја за да се добие поддршка, велат од агенцијата за филм.
„За овие пет години направивме огромен прогрес, што не беше видено само од регионот, туку и во Европа“, изјави директорот на Агенцијата за филм, Дарко Башевски.
Со државен фонд од 5 милиони евра годинава ќе се снимаат 27 филма.
Анита Димитријевска
