Временска прогноза

Променливо облачно и релативно топло време

10.02.2024 08:36

Ќе дува умерен, а од пладневните часови наместа засилен ветер од јужен правец (над 60 км/час) најизразен долж Повардарието.

Денеска во Македонија ќе преовладува променливо облачно и релативно топло време, понекаде со сончеви периоди.

Ќе дува умерен, а од пладневните часови наместа засилен ветер од јужен правец (над 60 км/час) најизразен долж Повардарието. Од вечерните часови во западните делови ќе има услови за краткотраен дожд.

Утринските температури се движат меѓу 0 и 5, додека соодветно максималните дневни ќе бидат во интервалот од 11 до 18 степени.

Во Скопје и околината денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец кој краткотрајно ќе засилува. Температурата ќе достигне до 16 степени.