Енергетика

Четири договори за стратешко партнерство во енергетиката се повлекуваат

10.02.2024 09:24

Ако им се даваат даночни олеснувања, не смее да добиваат и неповратна државна помош, вели министерот за економија Бектеши...

Се повлекуваат два од четирите договори за стратешко партнерство во енергетиката поради спорни одредби. Едниот од нив е со грчки Митилинеос, а другиот за изградба на соларна централа во Пехчево.

Ваквата одлука следува по бурните реакции од експертите.

Ако им се даваат даночни олеснувања, не смее да добиваат и неповратна државна помош, вели министерот за економија Бектеши.