Неколкукратен пораст на кардиоваскуларни пациенти после корона пандемијата во Штип
Рапиден пораст на пациенти со кардиоваскуларни заболувања после ковид пандемијата бележи Центарот за интервентна кардиологија во Штип. Бројот на стентирање е зголемен за 50 насто. Во пораст се и инфарктите. За да одговори на потребите на пациентите од источниот и југоисточниот регион, потребно е зајакнување на медицинскиот персонал.

Пред корона пандемијата во Центарот за интервентна кардиологија во Штип се вршеа до триесет стентирање месечно. Сега бројот на овие интервенции е од 45 до 50. Неколкукратен пораст има на сите кардиоваскуларни заболувања
Нема возрасна група која е имуна на овие заболувања, вели др. Николов. Подеднакво на удар се и мажите и жените.
Центарот за интервентна кардиологија има петмина интервентни кардиолози и тројца кои работат во амбуланта. Технолошката опременост е на ниво, но недостасува кадар од сите профили. Со 50 до 100 пациенти дневно, потребни се барем уште тројца доктори и четири медицински сестри.
Славица Величковска
