Рио де Женеиро
Во Рио де Жанеиро отворен најспектакуларниот карневал во светот
10.02.2024 12:04
Петдневниот карневал го отвори градоначалникот на Рио, Едуардо Паеш со предавање на клучевите на градот.

Со громогласен аплауз беше отворен најспектакуларниот карневал во светот, во Рио де Жанеиро. Петдневниот карневал го отвори градоначалникот на Рио, Едуардо Паеш со предавање на клучевите на градот. Рио ќе оствари профит од околу 180 милион евра од карневалот.
Во Сао Паоло вчеравечер почна еден од најпознатите карневали на светот. Илјадници посетители и жители на најголемиот град во Бразил прославуваат на улиците и на стадионот Самбадроме. Овој фестивал трае два дена и е увертира на карневалот во Рио.
„Чувството не може да се објасни. Срцево ми се возбуди. Нервозна сум, но се е толку добро“, изјави Флавиа Монтеиро – учесник на фестивалот.
