Кина

Во Кина започна Лунарната нова година

10.02.2024 12:13

Со традиционалните фенери и фестивали, секако и огномети, се прославува годината на змејот...

Кина и околу две милијарди жители почнаа да ја прославуваат Лунарната нова година. Со традиционалните фенери и фестивали, секако и огномети, се прославува годината на змејот, почетокот на годината според кинескиот календар.

Змејот е најважниот знак во Кина, укажува на авторитет и достоинство, но и на храброст.