Пасоши

Сликање за патни исправи со закажан термин

10.02.2024 14:50

Пред пунктот за сликање за лични документи во станицата „Пролет“ само тие со закажан термин. Постапката оди брзо. Министерот за внатрешни работи Тошковски за МТВ вели дека нови обрасци ќе стигнат идната седмица...

Откако во функција се 14 пункта за фотографирање, ги нема вообичаените гужви за сликање за лични документи без закажани термини.

Термин за фотографирање деновиве имаат граѓаните кои претходно им бил закажан термин за во мај. Велат процедурата се одвива брзо и без проблеми.

Сепак останува отворено прашањето, кога ќе бидат изготвени пасошите. Обрасци нема доволно. Министерот за внатрешни Панче Тошковски, најави дека претходната набавка ќе пристигне следната недела. Но вели, чуда не може да вети.

И со новите пасоши, останува неизвесно дали од понеделник ќе може да се патува надвор од државава. Налепници за регистарските таблички на возилата сè уште нема во значителен дел од станиците за технички преглед. Како решение министерот Тошковски предложи, налепниците да можат да се подигнат и од полициските станици на сите гранични премини на земјава.

 

Марина Стојанова Тонева