5+ за спроведување на новиот Закон за кривична постапка
За нешто повеќе од половина година заживеа спогодувањето во кривичните постапки...

„Доколку би бил професор, би им дал оценка пет плус“ - ова е впечатокот на федералниот судија од Бостон по скенирањето на спроведувањето на новиот Закон за кривична постапка.
Присуствувал на водењето на постапката во судницата на кое се случило признание на вина откако судијата прецизно му ги набројал правата што му следуваат на обвинетиот.
„Судијата им даде доволно време и ги посоветува за правата коишто им стојат на располагање, правата кои се откажуваат, последниците кои би следувале доколку се откажат од правата- доколку бев професор, во овој случај би дал 5+“, вели федералниот судија од САД.
Оптимисти се дека комплетно новиот систем ќе биде усовршен од судиите, но, треба час поскоро да разберат дека треба да им дадат повеќе простор на обвинителите и одбраната.
„Генерално ќе треба да се подобрат вештините за водење постапка, како што се воведните зборови, завршните зборови, директното и вкрстеното испитување, кои се нови елементи во самата кривична постапка за сите учесници“, смета неговиот колега.
За нешто повеќе од половина година заживеа спогодувањето во кривичните постапки.
Од почетокот на примената на Законот за кривична постапка, постигнати се блиску 60 спогодувања за разни крвични дела.
Фиљана Кока
