НМК- Прилеп
Прилепските возачи ќе треба да почекаат за да ги добијат налепниците со ознака „НМК“
10.02.2024 17:57
Прилепските возачи ќе треба да почекаат од идната недела за да ги добијат налепниците „НМК“.

Од МВР велат – во тек е дистрибуцијата. Инаку, од понеделник без нив не ќе може да се патува надвор од земјава. Од МВР велат дека во тек е дистрибуцијата на налепниците во станиците за технички прегледи низ земјава.
Возачите прашуваат но немаше навалица ниту нервоза за налепниците. Главно, се обновуваа регистрациите.
Во Прилеп се четири станици за технички преглед на возилата. Од почетокот на идната недела ќе може да се подигнуваат бесплатните налепници со НМК. Од понеделник не ќе може да се патува во странство без нив.
Елизабета Митреска
