Без гужви на границите од последниот викенд со стари патни исправи
Без гужви на границите од последниот викенд со стари патни исправи. За последните 24 часа државата ја напуштиле околу 4.000 Македонци кои во Грција заминале на викенд, работа или до аеродромот во Солун.

Немаше задржувања за влез и излез од државата на ГП „Богородица“ на македонско грчката граница. Иако последен викенд во кој македонските граѓани може да патуваат со старите патни исправи, сепак според полициските службеници фреквенцијата идентична како и минатиот викенд.
На викенд прошетка, шопинг и преземање на свои блиски од солунскиот аеродром. Ова беа најчестите одговори на македонските граѓани кои се упатуваа кон Грција претпладнево.
Македонските власти најавија дека граѓаните што немаат патни исправи со уставното име а се во странство во земјава може да се вратат со патни листови.
Ване Трајков
