САД

Маричиќ: Соработката со САД е наш солиден темел за исполнување на европската агенда на Северна Македонија

11.02.2024 10:38

На конференцијата, посветена на односите на ЕУ со САД, учество зема и вицепремиерот Маричиќ, претставувајќи ја Северна Македонија со осврт на темата од перспектива на земја кандидат за пристапување во ЕУ.

Првиот заменик-претседател на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ во рамки на посетата на САД, денес учествуваше на панел дискусијата на тема EU-US Relations: Building Collective Security in a Shifting World, Односи ЕУ-САД: Градење колективна безбедност во свет кој се менува.

На конференцијата, посветена на односите на ЕУ со САД, учество зема и вицепремиерот Маричиќ, претставувајќи ја Северна Македонија со осврт на темата од перспектива на земја кандидат за пристапување во ЕУ. За почеток Маричиќ ја истакна соработката со САД со стратегијата за поддршка на Западен Балкан базирана на три принципи: јасна агенда, силна поддршка и константно присуство.

Северна Македонија има воспоставено стратешки дијалог со Соединетите Американски Држави, посебни форми на соработка, каде што системот на рестриктивни мерки на САД за санкционирање на корумпирани политичари на Западниот Балкан е од исклучително значење за борба против корупцијата, и ќе помогне во регулирање и реформирање на системот на патот кон ЕУ. Решавањето на предизвиците како што се корупцијата и промовирањето на интеграцијата се од суштинско значење за постигнување на оваа цел.

Вицепремиерот Маричиќ истакна дека присуството и поддршката на американските политичари се од витално значење во борбата против корупцијата на нашиот евроинтегративен пат. Ангажманот и соработката со американските политичари ја зајакнува нашата посветеност на демократските вредности и ги зајакнува трансатлантските партнерства, стои во соопштението од Влада.