Куманово

Поголема безбедност со атестирани плински боци

11.02.2024 11:46

Само со атестирани плински боци граѓаните можат да бидат безбедни, се апелите на стручните лица. Куманово повторно е вознемирено од последниот случај со експлозија на ваков уред, по што животот го загуби младо лице. Свежи се сеќавањата и од трагедијата во Романовце.

Кумановци сè уште вознемирени од последниот случај на експлозија на плинска боца, во која тешко беше повредено младо лице, кое подоцна почна. Свежи се и сеќавањата од трагедијата во Романовце, кога загинаа повеќе лица. Дека последниве години зачестија незгодите со плински боци потврдува и статистиката на полицијата. Во 2021 во липковско Матејче беа повредени шест лица, 2019 едно, а во 2016 при експлозијата немаше повредени. Стручните лица со апели внимателно ракување со плинските боци. Најважно е посочуваат да се користат атестирани плински боци од овластени полнилници со гас. Клучно е проверени сигурносни вентили и пропишано количество гас.

„Не се купуваат соодветни црева, диктонзи, регулациони вентили, се вградуваат за да се заштеди на тоа. Проблем е и достава до гасот до потрошувачите. Најдобро е да се почитува да си постојат стандардни полнилници, за полнење на течен нафтен гас и со замена на боци тие се стручни доколку забележат регулаторот да не е исправен или слично тие ќе го отстранат тоа навреме“, истакна м-р Слаѓан Ѓорѓевиќ, дипломиран машински инженер.

Експертите нагласуваат по 10 години користење неопходно е боците да се заменат. На отворен простор користењето велат е многу побезбедно.

Стручните лица апелираат граѓаните плинските боци да не ги складираат во подрумите. Појаснуваат доколку истите се неисправни, гасот ќе се задржи многу повеќе во ваквите простории и при мало искрење може да дојде до експлозија.

И од противпожарната единица велат користењето на вакви уреди е безбедно доколку граѓаните имаат сериозен пристап.

„Не би препорачал купување на плински боци од зелен пазар, диви пазари кај нас, тоа се непроверени садови кои се под притисок кога ќе се наполнат со плин. А секој од тие садови на пет години треба да биде атестиран. Таму се врши проценка дали се за употреба во домаќинство или не“, нагласи Деан Илиевски, командир ТППЕ Куманово.

Тие советуваат при патувања уредите на гас, плин или електрична енергија целосно да се исклучат.

 

Елена Георгиевска