Тетово

Снег на Шар Планина нема доволно, ама ѓубре има во изобилие

11.02.2024 13:58

Шара тоне во депонии. Така е со децении. Подрачјето е заштитено, но таму сè уште се фрла разновиден отпад. Купиштата смет се најчести во атарите на шарпланинските села...

На Шарпланинскиот масив по топењето на снегот се покажа срамот. Илјадниците тони отпад го грдат Националниот парк. Се фрла по долините, реките, ливадите, длабоко во заштитеното подрачје.

Направивме обиколка низ Националниот парк. Сметот е насекаде, особено во атарите на шарпланинските села.

Тука како што раскажува директорот на установата Ибрахин Дехари, се фрла отпад со децении, а грдата слика секојдневно ја гледаат туристите.

Проблемот додава Дехари, е во тоа што општините во чија територија е паркот не го собира сметот од шарпланинските села. Па мештаните се снаоѓаат како знаат и умеат. Но, најчесто се ослободуваат од отпадот фрлајќи го во атарите на селата.

Ариф Гафури жител на Вешала кој произведува мед на Шара, вели дека сите села мака мачат со отпадот. Признава дека тој и сите мештани трупаат отпад на планина.

Но, друго чаре немаме оти општините не заборавија и тука комунални услуги не вршат со децении, додаде Ариф Гафури.

Досега нема изречено ниту една казна за фрлање на смет на Шара. Нема ниту најави од општините дека ќе започнат да го собираат сметот во Националниот парк со уникатни убавини и брендови, девастирани од илјадници тони отпад.

 

Зоран Димовски