Расте интересот за изучување на природните науки
Се поголема е заинтересираноста за факултетот за природни науки. Студентите се надеваат дека ќе имаат поголема можност за вработување...

Се повеќе студенти образованието го продолжуваат на природните науки. Велат дека во 21-от век постојат научно истражувачки дејности базирани на природата, а тоа за нив е голем предизвик.
Ако на физика и хемија, претходните години скоро и да немало студенти, последниве две бројот е значително зголемен, вели деканот на Природно- математичкиот факултет.
„Кога би се барал одговорот зошто е така причината е тоа што очигледно младите луѓе после зљавршувањето полесно наоѓаат работа или и тие го следат интересот на фирмите за нивно вработување“, вели Илко Ѓоргоски, декан на Природно- математичкиот факултет.
Кога пред 4 години за прв пат се отворила насоката за туризам на природно -математичкиот факултет очекувале околу 50- тина студенти , а се запишале три пати повеќе, раскажува професорот Панов.
„Интересот е голем обично студентите се запишуваат таму кај што ќе најдат перпектива за вработување, голем број студенти веќе работат во 10- те најголеми туристички агенции во Македонија“, изјави професорот Никола Панов, професор на Институт за географија, отсек Туризам.
Од природно математичкиот факултет велат дека студентите имаат постојана пракса, а тоа им помага за вработување во иднина.
Во изминативе неколку години се поголем е бројот на оние кои што одлучуваат да се запишат на факултет за природни науки. Зголемен е бројот на студенти кои се запишале на природни науки за 10 проценти.
Ана Јосифоска- Тодоровска
