МВР

Приведено лице поради нудење поткуп

11.02.2024 15:31

При сообраќајна контрола и утврден прекршок, А.М. се обидел да даде поткуп на полициските службеници за да не му биде изречена санкција.

Денеска во 07.30 часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишиле од слобода А.М. од Скопје. При сообраќајна контрола и утврден прекршок, А.М. се обидел да даде поткуп на полициските службеници за да не му биде изречена санкција.

Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението од МВР.