Втор круг претседателски избори во Финска
Над 4,3 милиони Финци излегоа на вториот круг од претседателските избори во Финска. И двајцата претседателски кандидати. Поранешниот премиер Александар Стуб и поранешниот министер за надворешни работи Пека Хаависто се проевропски ориентирани и го поддржуваат членството во НАТО. По првиот круг Александар Стуб од конзервативната партија имаше мало водство над независниот кандидат и пратеник од зелените пека Хаависто, којшто беше шеф на финската дипломатија што побара прием во НАТО. Победникот на претседателските избори ќе ја презеде функцијата на почетокот на март наследувајќи го претседателот Саули Ниинисто, којшто по два петгодишни мандати не може да се кандидира. Претседателот на Финска има значителни овластувања во надворешната и безбедносната политика на државата.

Гласачите во Финска избираат нов претседател, чија главна задача е управување со надворешната и безбедносната политика на земјата која е последната членка на НАТО по руската инвазија на Украина. Изборот е меѓу 55-годишниот поранешен конзервативен премиер Александар Стуб и 65-годишниот поранешен министер за надворешни работи пека Хаависто, пратеник од зелените кој е независен кандидат.
„Неколку стотици луѓе не можеа да се соберат на состанокот на бензинската пумпа во Тампере и плоштадот во Лахти. Пазарот беше преполн. Тоа само покажува дека кампањата беше исклучително успешна.“, изјави пека Хаависто-претседателски кандидат.
„Се чувствувам доста добро, доста опуштено. Тоа е една од оние работи кога правите кампања по шест месеци речиси секој ден. правите сè што можете и не би промениле ништо“, изјави Александар Стуб-претседателски кандидат.
Финска треба да го избере својот прв претседател по Саули Ниинисто, кој беше претседател во два шестгодишни мандати.
Финска споделува 1.340 километри долга граница со Русија. Под раководство на Ниинисто и по руската инвазија на Украина, нордиската земја одлучи да аплицира за членство во НАТО во 2022-та по речиси едновековна неутралност.
„Саули остави доста големи чевли за пополнување (многу треба да сработи). Посакувам новиот претседател да го заснова своето лидерство врз вредности на ист начин како Ниинисто. Разликите меѓу двајцата кандидати се прилично мали. На крајот, тоа беше лесен избор за мене“, изјави Хари Лааксо-политички аналитичар.
Двајцата кандидати за претседател во голема мера се согласуваат за надворешната политика и безбедносните приоритети на Финска, односно продолжување на цврстиот став кон Москва и кон сегашното раководство на Русија, зајакнување на безбедносните врски со САД и потребата за помош на Украина.
Ирина Гелевска
