Ал Каеда го презеде Мосул- половина милион луѓе ги напуштаат своите домови
Околу 500.000 луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови и да избегаат од Мосул откако исламските екстремисти поврзани со Ал Каеда ја презедоа контролата во градот. Според агенциите, радикалните екстремисти коиштѕо се шират и кон други ирачки градови, го зазеле турскиот конзулат во Мосул и киднапирале вработени во дипломатската мисија, меѓу кои и турскиот конзул.

„Владата во координација со владата на областа Курдистан работи на преземање итни безбедносни и воени мерки за да ја врати контролата во градоти Мосул и да се вратат безбедноста и мирот. Мора да се делува веднаш, едноставно не смее да им се дозволи на тие луѓе да останат овде“, изјави Хошјар Зебари, министер за надворешни работи на Ирак.
Багдад најави соработка со курдските сили со цел да ги протера екстремистите од Мосул. Целта на групата е да ги спои областите со кои владее во Сирија и Ирак и да формира фундаменталистичка верска држава. Радикалите во последните неколку дена почнаа голема операција во пет провинции, покажувајќи ја слабоста на ирачките безбедносни сили.