Бразил

Прогласена епидемија на смртоносната треска денга во Рио де Жанеиро

11.02.2024 18:49

Здравствените власти на Рио де Жанеиро прогласија епидемија на смртоносната треска-Денга којашто се пренесува преку комарците.

Здравствените власти на Рио де Жанеиро прогласија епидемија на смртоносната треска-Денга којашто се пренесува преку комарците. Во градот, во којшто почна карневалот, се забележани повеќе од 10 илјади случаи од почетокот на годината. Епидемијата, која е најприсутна меѓу сиромашните слоеви на населението, е прогласена и во четири сојузни држави на Бразил.

Лани властите го потврдија користењето на вакцината против фаталната болест, но таа се уште не е достапна за јавноста.