МВР: 89 санкционирани возачи на подрачје на општина Струмица
Секторот за сообраќајни работи при Одделот за униформирана полиција-Биро за јавна безбедност и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведоа акциска контрола на подрачје на општина Струмица за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Денеска во периодот од 11.00 до 16.00 часот Секторот за сообраќајни работи при Одделот за униформирана полиција-Биро за јавна безбедност и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведоа акциска контрола на подрачје на општина Струмица за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
При контролата санкционирани се 89 возачи, и тоа 42 за управување на возило без возачка дозвола, 6 санкции за возачи што управувале моторни возила со изминат рок на важност на сообраќајната дозвола, 13 за непрописно вградени фолии (затемнети стакла), 5 возачи без лекарско уверение (јавен превоз-такси возачи), а одземено е и едно моторно возило нерегистрирано повеќе од 6 месеци.
На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитувааат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, стои во соопштението од МВР.
