ИЗРАЕЛ - ХАМАС

Десетици Палестинци се убиени во израелските напади врз Рафа

12.02.2024 09:38

Борбите продолжуваат низ Појасот Газа. Хамас предупредува дека најавената офанзива ќе ги запре преговорите...

Борбите продолжуваат низ Појасот Газа. Десетици Палестинци се убиени во израелските напади врз Рафа. Премиерот Нетанјаху вели дека офанзивата на Рафа е клучна за поразот на Хамас и посочува дека има израелски заложници кои терористичката група ги држи во Газа, за да ја оправда израелската војна во регионот. Хамас предупредува дека најавената офанзива ќе ги запре преговорите. Во меѓувреме, ослободени двајца заложници.

„Ова е операција за која се подготвувавме извесно време, направени се потребните подготовки и се чекаа условите кои ќе овозможат таа да биде ставена во функција. Благодарение на оние херојски воини, кои паднаа во битките, кои го жртвуваа најмилото, успеваме да дојдеме до моменти на операција што ни дозволува да ги ослободиме заложниците“, изјави Даниел Хагари, портпарол на Израелската одбрана.

Палестинскиот претседател, Махмуд Абас, пристигна во Доха на разговори за обезбедување примирје во војната со Израел.