Руско - украински конфликт
Продолжуваат борбите на сите фронтови во Украина
12.02.2024 09:50
Противвоздушната одбрана на земјата соборила 14 руски беспилотни летала и една ракета...

Борбите продолжуваат на сите фронтови во Украина. Францускиот претседател, Емануел Макрон, ја одложи дводневната посета на Киев од безбедносни причини.
Противвоздушната одбрана на земјата соборила 14 руски беспилотни летала и една ракета. Пресретнати се беспилотни летала и ракети над регионот Хмелницки, на западот на Украина, но и во близина на Кировоград, Миколаев, Днепропетровск и Запорожје.
Претседателот Зеленски изјави дека воздушната одбрана на земјата соборила 359 руски беспилотни летала од почетокот на 2024 година. Во меѓувреме, украинските разузнавачи тврдат дека руските сили ги користат услугите Starlink на компанијата на Илон Маск.
