САД

Хоспитализиран американскиот министер за одбрана Остин

12.02.2024 09:50

Министерот бил примен во Националниот военомедицински центар Волтер Рид за поддршка и внимателно следење, се вели во соопштението објавено доцна синоќа...

Американскиот секретар за одбрана, Лојд Остин, примен е на одделот за интензивна нега поради итен проблем, објави Пентагон. Министерот бил примен во Националниот военомедицински центар Волтер Рид за поддршка и внимателно следење, се вели во соопштението објавено доцна синоќа. 70-годишниот Остин беше примен во истата болница, на 22-ри декември, за лекување на рак на простата.

Тој повторно се врати во болница на 1-ви јануари, поради компликации. Информациите за неговото хоспитализација беа откриени дури четири дена подоцна, а Пентагон во меѓувреме не прецизираше зошто министерот е задржан на лекување.