Финска

Александар Стуб нов претседател на Финска

12.02.2024 09:57

Педесет и пет годишниот Стуб, кој беше премиер во 2014-та и 2015-та година и ја започна својата кариера како пратеник во Европскиот парламент, ќе стане 13. претседател на Финска од независноста на земјата...

Експремиерот на Финска, Александар Стуб, стана нов претседател на државата, откако во вториот круг од претседателските избори во неделата, го победи својот противкандидат Пека Хависто. 55-годишниот Стуб, кој беше премиер во 2014-та и 2015-та година и ја започна својата кариера како пратеник во Европскиот парламент, ќе стане 13-ти претседател на Финска од независноста на земјата.

„Ние сме членки на ЕУ и НАТО и се разбира, имаме нов договор за одбранбена соработка со САД. Се што можам да кажам е дека изборните кампањи во Финска се фер, слободни и праведни. Само што имавме добар шестмесечен период кога девет кандидати се предизвикуваа меѓусебно со почит“, изјави Александар Стуб, новоизбраниот претседател на Финска.

Најважната задача на новиот шеф на државата ќе биде управувањето со надворешната и безбедносната политика, која по руската инвазија на Украина е членка на НАТО.