ВМРО-ДПМНЕ: Го создадоа проблемот со личните документи, а денес глумат невини
Денес тие го создадоа проблемот, а глумат невини жртви и криво им е ВМРО-ДПМНЕ, а тие имаа министер за внатрешни работи девет години.

„Спасовски ги смирува граѓаните – нема да има казни за оние кои нема навреме да си ги заменат личните исправи“. Ова беше изјавата пред само шест месеци со која СДС го лажеше народот, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Денес тие го создадоа проблемот, а глумат невини жртви и криво им е ВМРО-ДПМНЕ, а тие имаа министер за внатрешни работи девет години.
Ова е најголемото дно. Наместо политика и обвинување нека не ги кочат законите кои Панче Тошковски ги предлага. Воедно Спасовски треба кривично да одговара што граѓаните ги изложува на екстра трошок, и иако знаеше дека треба промена на документите ништо не превзема за тоа, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
