мвр
216 санкции за сообраќајни прекршоци изминатиот викенд на територија на СВР Битола
12.02.2024 11:11
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови...

Секторот за внатрешни работи Битола во текот на викендот (09/10/11.02.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на СВР Битола санкционирани се 216 возачи, меѓу кои 121 мерки за возење повеќе од дозволената брзина, 22 мерки за возење под дејство на алкохол, 13 санкции за управување без возачка дозвола, осум санкции за користење на мобилен телефон, 10 прекршоци што ги прават пешаците.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да се придонесе за посигурни патишта, информираат од МВР.