Сцена

Спектакуларен настап на Ашер на Супербол

12.02.2024 11:46

Шоуто на полувремето на „Супербоул“ е една од најгледаните содржини на сите времиња, со речиси 100 милиони гледачи ширум светот.

Познатиот американски музичар Ашер синоќа имаше спектакуларен настап на полувремето на „Супербол“, а на сцената му се придружија Алиша Кис, Џермејн Дупри, Лил Џон и Лудакрис.

Тој приреди незаборавно шоу за илјадници навивачи на трибините. Присутни беа некои од најголемите имиња во спортот, музиката и шоубизнисот. Тејлор Свифт, Џастин Бибер, Гвен Стефани, Џеј Зи и многу други познати светски ликови го следеа и уживаа во настапот.

Шоуто на полувремето на „Супербоул“ е една од најгледаните содржини на сите времиња, со речиси 100 милиони гледачи ширум светот.

Импресивниот 13-минутен настап синоќа на стадионот „Елиџент“ во Лас Вегас, ќе помогне во промоцијата на претстојната светска турнеја на пејачот и новото издание на албумот.

 

Фото: Screenshot/ YouTube