НФЛ Лига

Канзас сити ја одбрани титулата, Махомес по трет пат МВП

12.02.2024 12:11

Канзас Сити чифс ја одбранија шампионската титула во НФЛ откако во Суперболот, финале на плејофот на професионалната лига во американски фудбал, во Лас Вегас го совладаа Сан Франциско 49...

Канзас Сити изминатата вечер ја одбранија титулата во НФЛ лигата, а за најдобар во финалето по третпат во кариерата беше прогласен Патрик Махомс.

Во драматична завршница Канзас до победата дојдоа со тачдаун на три секунди пред крајот. Финалето беше решено по продолженија. Откако во регуларниот дел беше 19:19, на крајот победи Канзас со 23:19.

Чифс со тоа станаа првиот тим по 19 години што ја одбранил титулата. Последни на кои тоа им успеа беа Њу Ингланд патриотс.

За „шефовите“ ова е трета шампионска титула во последните пет сезони. Пред четири години во финалето го совладаа Сан Франциско, а лани беа подобри од Филаделфија иглс. Тие играа и во Супербоул пред три години, но тогаш загубија од Тампа Беј баканирс.

 

Фото: BBC