Велес

Налепниците за регистарски таблички со ознаката „НМК“ пристигнаа во Велес

12.02.2024 12:51

Претпладнево во Велес беа дистрибуирани налепниците со ознаката „НМК“ а граѓаните поитаа веднаш да извршат промена на регистарските таблички...

Налепниците за возилата со ознаката „НМК“ во Велес беа дистрибуирано претпладнево во трите станици за технички преглед, а нивните вработени ги лепат на регистарските таблички. Граѓаните кои дознале дека има налепници веднаш поитаа да се обезбедат. Сопствениците на возила со регистарски таблици со стариот код МК, треба заклучно со денес 12-ти февруари да ги заменат со новиот код НМК.

Повеќето од присутните беа и заради промена на сообраќајката дозвола, која исто така задолжително требало да биде со Северна Македонија. Сопствениците реагираат дека иако истата ја обновиле во месец октомври, ноември лани, таа била без додавката „Северна“ по што тие биле принудени повторно да доаѓаат и да вадат нова со важечка сообраќајна дозвола.

Налепницата со ознаката НМК е набавена и обезбедена од страна на МВР и истата е бесплатна.

 

Петар Печков