РКЕ

Повисоки цени на горивата од полноќ

12.02.2024 13:02

Еуросупер БС-95 поскапува за половина денар и ќе се продава по цена од 81 денар за литар, Еуроспер БС-98 поскапува за еден денар и од полноќ новата цена ќе биде 83,5 денари за литар. Дизелот поскапува за денар ипол и тој ќе се продава по цена од 79,50 денари за литар.

За половина денар до денар ипол од полноќ се зголемува цената на горивата, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Еуросупер БС-95 поскапува за половина денар и ќе се продава по цена од 81 денар за литар, Еуроспер БС-98 поскапува за еден денар и од полноќ новата цена ќе биде 83,5 денари за литар.

Дизелот поскапува за денар ипол и тој ќе се продава по цена од 79,50 денари за литар.

За пола денар се намалува цената на Екстра лесното масло за домаќинство кое од полноќ ќе се продава по цена од 76,50 денари за литар.

Се намалува и цената на Мазутот М-1 НС. Новата цена ќе биде 40,732 денари за килограм.