Култруното и историското наследство на Охрид претставени во Советот на Европа

11.06.2014 18:10

Постојаната мисија на Република Македонија при Советот на Европа во Стразбур, заедно со Општината Охрид извршија презентација на културното наследство на градот Охрид. Претставувањето беше во Фоајето на Комитетот на министрите на Советот на Европа...

Ова е прво поедничено претставување на еден македонски град во Советот на Европа и една од ретките културни манифестации кои биле организирани од страна на нашата земја во најстарата паневропска организација, во која Македонија членува од 1995 година.

„Оваа промоција на градот Охрид го нема само значењето за промоција на градот, културата и наследството на самиот град, туку таа ина севкупно значење за Република Македонија. Овде во СЕ пред 47 земји членки. Македонија покажува дека е дело од европското семејство. Сите промоции кои се организираат овде во СЕ се потврда на тоа“, вели Амбасадарот на Република Македонија при Советот на Европа, Петар Поп Арсов.

Генералната директорка на дирекцијата за Демократија на Советот Снежана Самарџиќ-Марковиќ, која зборуваше во името на Советот на Европа посебно инсистираше на значењето на ваквото претставување на културното и историското наследство на земјите членки на Советот на Европа.

„Нас во Советот на Европа, Охрид ни е исклучително добар пример како да се помири наследството и урбанизацијата, бидејќи тоа понекогаш претставува конфикт. Охрди е пример дека развојот не го погоди толку многу самиот град и неговата убавина. Ние следиме што се случува и Охрид е меѓу нашите најважни точки не само поради прироадата и убавината, туку и поради тоа што тој често е доаќин на наши конференции. За нас е многу важно што Охрид дојде, а за мене лично тоа е добра пример од Македонија“, изјави генералната директорка на Дирекцијата за демократија на Советот, Снежана Самарџиќ-Марковиќ.

На крајот, со својот град лично бројните гости на презенатцијата ги запозна градоначалникот на Охрид, д-р Никола П. Бакрачески.

„Ова е сепак наше прво искуство со која ние сакаме да почнеме една нова стратегија во промотивните и маркетиншките активности за градот Охрди пред се во културата и природното наследство за кое Охрид обилува. Нас ни требаат вакви промотивни активности. Уште мината година си поставивме задача да Охрид го претставиме во европските институции. Ова претставување во Стразбур е првата етапа од тоа“, рече градоначалникот на Охрид,  д-р Никола П. Бакрачески.

По краткото претставување, присутните можеа да се насладуваат на охридските кулинарски специјалитети залеани со македонски вина и ракија, донесени специјално од Македонија, а на трпезата се најде и охридска риба.

Вакви Манифестации се потребни за подобро претставување на нашата земја во странство, посебно во меѓунардните организации.

 

Тони Гламчевски