Холандскиот суд нареди да се прекине извозот на делови за авиони Ф-35 во Израел
Светот предупредуваат на сериозни последици во регионот на Блискиот Исток и пошироко доколку израелската војска ја продолжи офанзивата во пограничниот град Рафа. Реакции и од регионалните лидери, потезите на Тел Авив може да донесат дополнителна ескалација. Поради кршење на меѓународното право, Апелациониот суд на Холандија и нареди на холандската влада да го блокира целиот извоз на делови за борбени авиони Ф-35 во Израел.

Очите на светската јавност вперени кон Израел. Вашингтон не ја поддржува копнената офанзива во Рафа и предупредува за можна катастрофа. Брисел бара прекин на огнот и справување со последиците на хуманитарната криза. Тел Авив е решителен, претстојната офанзива е клучна за уништување на Хамас.
„Мораме да продолжиме да вршиме притисок врз Израел, да ја поддржуваме хуманитарната криза. Но, ако тие започнат офанзива против многу населена област со повеќе од 1,7 милиони луѓе, тие не можат да избегаат“, изјави Жозеп Борел, висок претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика.
Египет стравува од масовен прилив на стотици илјади палестински бегалци. Иран и Сирија се загрижени од можна ескалација на тензиите. Хамас се закани со одговор за офанзивата во Рафа и предупреди дека ќе ги запре преговорите за ослободување на заложниците. Во меѓувреме, терористичката организација ослободи двајца од нив.
„Семејството нема да застане овде сè додека не се ослободат сите 134 заложници. Ќе се бориме за нивната слобода. Ќе направиме сè што можеме за ова военото злосторство да заврши“, вели Гефен Сигал Илан, внука на еден од ослободените заложници.
„Ова е операција за која се подготвувавме извесно време, направени се потребните подготовки и се чекаа условите кои ќе овозможат таа да биде ставена во функција. Благодарение на херојските воини кои паднаа во битките, кои го жртвуваа најмилото, успеваме да дојдеме до моменти на операција што ни дозволува да ги ослободиме заложниците“, изјави Даниел Хагари, портпарол на Израелската одбрана.
Апелациониот суд на Холандија и нареди на холандската влада да го блокира целиот извоз на делови за борбени авиони Ф-35 во Израел во рок од седум дена поради ризик од кршење на меѓународното право. Тужбата беше поднесена од неколку групи за човекови права.
„Како резултат на израелските воени дејствија во Газа, голем број цивили се убиени, илјадници домови се уништени. Според тоа, постои јасен ризик од прекршувања на меѓународното хуманитарно право. А сепак, исто така се смета дека е борбениот авион Ф-35 бил активно користен во овие прекршувања“, изјави Бас Боеле, судија во Апелациониот суд во Хаг.
Не мирува ниту состојбата во Црвено Море. Јеменските Хути, поддржани од Иран нападнале брод под американско знаме. Хутите од ноември напаѓаат бродови во Црвеното Море и Аденскиот Залив поради израелската војна во Појасот Газа.
Маријана Димовска