ГРЦИЈА
Инцидент во бродска компанија во Глифада, загинати најмалку четири лица
12.02.2024 13:44
Напаѓачот, поранешен вработен во компанијата, влегол во зградата и отворил оган кон вработените. Во нападот загинаа три лица, по што напаѓачот се самоубил.

Најмалку четири лица загинаа во оружен инцидент во грчка бродска компанија во јужното атинско предградие Глифада.
Напаѓачот, поранешен вработен во компанијата, влегол во зградата и отворил оган кон вработените. Во нападот загинаа три лица, по што напаѓачот се самоубил.
Сторителот е идентификуван како 70-годишен египетски државјанин. Некои извештаи сугерираат дека тој бил разрешен од неговата позиција во фирмата.
