Четворица кандидати на руските претседателски избори
Централната изборна комисија на Руската Федерација потврди, на гласачкото ливче ќе има четворица кандидати. На списокот се актуелниот претседател Владимир Путин, како и уште тројца политичари, од кои сите ја поддржуваат „специјална воена операција“ во Украина...

Централната изборна комисија на Руската Федерација потврди, на гласачкото ливче ќе има четворица кандидати. На списокот се актуелниот претседател Владимир Путин, како и уште тројца политичари, од кои сите ја поддржуваат „специјална воена операција“ во Украина.
Противкандидати на Путин се Владислав Даванков, заменик-претседател на руската Дума и член на Клубот на Новиот народ, Леонид Слуцки, лидер на ултранационалистичката Либерално-демократска партија лојална на Кремљ, како и Николај Харитонов, кандидат на Комунистичката партија. Претседателските избори во Руската Федерација ќе се одржат од 15-ти до 17-ти март.
Гласањето за прв пат ќе биде можно онлајн.
