Тенис- рангирање
Ивановски со пад од четири позиции, Ѓорческа напредуваше три места
12.02.2024 14:19
На ВТА рангирањето, најдобра Македонка е Лина Ѓорческа која има скок од три места и сега е 239 со 312 поени.

Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски има пад од четири места на најновата АТП ранг-листа објавена денес. Со 145 поени Ивановски се наоѓа на 345 место.
Од другите македонски тенисери кои имаат пласман на АТП листата, Горазд Србљак е рангиран на 1069 место со 10 поени, додека Обрад Марковски е на 1609 место со два поена.
На ВТА рангирањето, најдобра Македонка е Лина Ѓорческа која има скок од три места и сега е 239 со 312 поени.
Напредок од пет места има и Магдалена Стоилковска, таа со девет поени се наоѓа на 1211 место.
