Руско-украински конфликт

Во Украина нов бран руски напади со дронови и ракети

12.02.2024 16:15

Украина под нов бран руски напади со дронови и ракети. Киев тврди дека собориле 14 руски беспилотни летала и една ракета. Францускиот претседател Макрон ја одложи дводневната посета на Киев...

Украина под нов бран руски напади со дронови и ракети. Киев тврди дека собориле 14 руски беспилотни летала и една ракета. Обвинија дека руските сили ги користат услугите „старлинк“ на компанијата на Илон Маск. Кремељ негира.

„Овој систем не е сертифициран кај нас, не може и не се испорачува, ниту пак го користиме на било кој начин. Затоа не навлегуваме во дискусиите меѓу режимот во Киев и бизнисменот Маск“, изјави Дмитриј Песков, портпарол на Кремљ.

Продолжуваат и борбите на линијата на фронтот.

„Тешко е. Борбите се во тек, русите постојано напаѓаат и се обидуваат по секоја цена да ја освојат Авдиивка. Ќе продолжиме да и служиме на татковината“, изјави украински војник.

Од безбедносни причини, францускиот претседател Макрон ја одложи дводневната посета на Киев. Во Елисејската палата го дочека полскиот колега Туск. Разговараа за соработката меѓу Франција за зајакнување на европскиот интегритет и за поддршката на Украина.

„Позициите на Франција и полска се многу слични и тоа по сите важни прашања, билатерални и европски, како и во однос на безбедносната и геополитичката позиција на Европа, особено во контекст на руската агресија врз Украина“, изјави Доналд Туск, претседател на Полска.

За Европа е важен и обединетиот став на НАТО во однос на војната кон Украина, особено по изјавата на Трамп, за охрабрување на Русија да нападне земји-членки на алијансата што не ги исполнуваат финансиските обврски.

Украина има хроничен недостиг со муниција. Во Германија данската премиерка и германскиот канцелар ја посетија новата европска фабрика за оружје.

„Само силна Европа може да се брани себеси. Европа што може да се снабдува себеси и Украина. Ги имаме сите средства да го направиме тоа како силни нации, но пред сè бидејќи сме силна Европска унија и силно НАТО. Споделуваме европска одговорност“, изјави Мете Фредериксен – премиерка на Данска.

Американскиот сенат ја изгласа финансиската помош од 95 милијарди долари за Украина, Израел и индопацифичкиот регион.

 

Бојана Крстевски