Одбиени 10 реклами за здрави производи
Од 500 барања, 10 производи неможат да се рекламираат дека имаат посебни здравствени вредности. Годинава комерцијалното претставување на храната се проверува за потрошувачите да не се доведат во заблуда...

Фирмите кои сакаат ги рекламираат производи дека го подобруваат здравјето треба да имаат одобрение од Агенцијата за храна. Компаниите мора да имат и клиничка студија.
Се прифаќаат сите барања за увезната храна со одобрување од Европската Унија.
Од јануари досега се поднесени повеќе од 500 барања за одобрување на здравствени реклами. Одобрени се 100, одбиени 10, а за 39 треба да одлучи Комисија.
Се контролираат прехранбени производи за широка потрошувачка за ресторани, болници, училишта и други угостителски објекти.
Исклучок е храната во рефус, свежото овошје, зеленчукот и лебот.
Методија Трајков
