Станиците за технички преглед денес ги добија налепниците НМК
Денеска метеж пред станиците за технички преглед, каде граѓаните чекаа да добијат нова налепница со ознака НМК. Но, таа не може да ја залепат самите граѓани туку мора вработен од станицата. Во главниот град, налепниците пристигнаа напладне.

Колона возила на станиците за технички преглед. етеж, вознемиреност кај граѓаните. Се чека за налепници со новите ознаки и по неколку часа. во дел од станиците во Скопје има, во некои сè уште нема доставено. а дел веќе ги потрошиле.
Лепенки секаде нема, но и не можат да се земат доколку новата сообраќајна дозвола не го носи новото уставно име, што граѓаните би ги чинело дополнителни илјада денари.
Редици граѓани чекаат да го испочитуваат рокот за замена кој истекува вечер на полноќ.
Возачите треба да дојдат во станиците за технички преглед со сопственото возило каде ќе пополнат барање, а со себе треба да понесат сообраќајна дозвола и лична карта. Налепниците треба да бидат ставени на регистарски таблички од контролорите. Обврската за додавката „НМК“ произлегува од одредбите на „преспанскиот договор“ потпишан со Грција.
Александра Спировска
