Законски измени за важноста на возачките дозволи
По вечерашната одлука дека нема да можат да важат возачките дозволи, на нив нема Северна Македонија, се збунија граѓаните. Општ хаос настана и на политичка сцена. Веднаш се мобилизираа политичките партии. Законски измени до Парламентот поднесоа ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Бараат да се пролонгира рокот за домашна употреба.

Партиите се мобилизираа пред истекот на важноста на личните документи со Република Македонија. Министерот за внатрешни работи, Тошковски до Владата достави Предлог-измени за законот за патни исправи и за возачките дозволи, а според итноста до Собранието истите предлози ги достави и пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
И пратеничката група на СДСМ поднесе предлог за законски измени со кои на возачките и сообраќајните дозволи, осигурителните полиси и сообраќајните книшки ќе им биде продолжена важноста, за да можат граѓаните и натаму да ги користат на територијата на државата.
Возачите револтирани и во паника стопанствениците се во паника. Нудат финансиска помош, за како што велат да се отворат пунктови или брза линија за издавање на документите.
Наташа Гркова Петрушевска
