МВР
Возачките дозволи со името Република Македонија ќе важат најдоцна до 31 декември 2024 година
12.02.2024 18:15
На денешната седница на Собранието на Република Северна Македонија, возачките дозволи и возачките книшки со името Република Македонија...

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека согласно Законот за изменување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, усвоен на денешната седница на Собранието на Република Северна Македонија, возачките дозволи и возачките книшки со името Република Македонија ќе важат до истекот на рокот на важење кој е наведен на возачката дозвола, најдоцна до 31 декември 2024 година.
