Избрани министрите за здравство и информатичко општество и администрација
За нови министри се избрани Илир Демири и Наим Бајрами откако во петокот на предлог на техничкиот премиер Талат Џафери по препорака на партиската кадровска комисија на Алијанса за Албанците, Меџити и Алиу беа разрешени.

Со „63“ гласа „ЗА“, ниту еден „против“ и „воздржан“ избрани министрите кои треба да ги пополнат испразнетите министерски места кои до сега ги држеа Фатмир Меџити и Азир Алиу на позициите здравство и информатичко општество и администрација.
За нови министри се избрани Илир Демири и Наим Бајрами откако во петокот на предлог на техничкиот премиер Талат Џафери по препорака на партиската кадровска комисија на Алијанса за Албанците, Меџити и Алиу беа разрешени.
Демири и Бајрами попладнево дадоа свечена заклетва пред пратениците.
Барањето за разрешување на Меџити и на Алиу дојде откако тие го поддржаа претседателот на Алијансата за Албанците Арбен Таравари, кој најави дека на претстојните избори ќе оди со албанската опозиција.
