Временска прогноза

Променливо облачно, со локален слаб дожд

13.02.2024 07:49

Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец...

Променливо облачно, со локален слаб дожд, а на повисоките планини слаб снег. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7 степени, а максималната од 4 до 16 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.