Македонија

Премиерот Џафери на поставување на камен-темелник за изградба на обиколница на Тетово

13.02.2024 07:55

Џафери ќе биде придружуван од министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми...

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери денеска ќе присуствува и ќе се обрати на настан по повод поставување на камен – темелник за изградба на обиколница на Тетово.

Како што најавија од владината прес-служба, Џафери ќе биде придружуван од министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми.